
БЕГ има долг од околу 1 милион евра и кон Адора инженеринг, пари што веќе граѓаните ги платиле
Балкан Енерџи Гроуп дополнително и должи и на компанијата Адора инженеринг сума од околу 1 милион евра за користењето на Топланите Исток и Запад од кога компанијата ги купила Топланите, дознава „Фактор“.
Станува збор за долг од периодот од ноември 2021 година, па се до септември 2022 година, откако ЕСМ почна да оперира со Топланите.
Средствата што БЕГ и ги должи на компанијата Адора инженеринг се одобрени со одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Долгот на БЕГ кон Адора е по основ на неплатен надомест за користење на Топланите и на невложената амортизација на истите.
Иако, овие средства граѓаните веќе ги имаат платено, БЕГ ги нема исплатено кон Адора. Дознаваме, дека постои можност ЕСМ да го исплати долгот на БЕГ кон Адора инженеринг.

