Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ како значаен влог во регионалната стабилност
Македонија

Османи: Политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ како значаен влог во регионалната стабилност

27/03/2023

AA

Со цел одбележување на почетокот на НАТО деновите во Северна Македонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска беше домаќин на традиционалниот „НАТО појадок”.

-Денес во присуство на нашите сојузници и партнери одбележуваме три години од членството на Северна Македонија во Алијансата, додека на 4 април ќе ја чествуваме 74 годишнината од основањето на Организацијата на Северноатлантскиот договор или Денот на НАТО. Со тоа ја продолжуваме традицијата – секоја година од 27-ми март до 4-ти април да се одржуваат Денови на НАТО посветени на заедничките успеси и постигнувања, но и предизвиците со кои сојузниците и Алијансата се соочувале низ годината, нагласи Османи.

Министерот за надворешни работи ги истакна придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, оценувајќи го како историски успех и најзначајно надворешно – политичко постигнување. Нагласи дека нашето членство во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

-Регионот на Западен Балкан е особено изложен на стратегиска конкуренција и на малигно влијание на трети страни кои се обидуваат да ги искористат слабостите и недовршената евро-атлантска интеграција со цел да остварат свои стратешки интереси. Решението се наоѓа во засилени демократски реформи со цел да се зајакне отпорноста, но и во засилена и координирана соработка на НАТО и ЕУ во заокружувањето нa евроатлантската интеграција на регионот и комплетирањето на демократската трансформација, рече Османи.

Во своето воведно обраќање премиерот, Димитар Ковачевски ги наброи странските директни инвестиции кои лани беа во висина од 753,8 милиони евра, или двојно повеќе во однос на 2016 година, како и отварањето на над 10.000 работни места технолошко-индустриските развојни зони, како дел од придобивките на НАТО членството, со што според Ковачевски, Република Северна Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила.

-Со членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, со концептот за еднакво општество дома, со храбрите, но и државнички одлуки со коишто ги заштитивме идентитетските одредници и националниот идентитет, со функционалните политики на дијалог и разбирање, Република Северна Македонија денес е фактор на стабилноста на Западен Балкан. А јасно е дека евратлатската ориентација на регионот е потребна и во функција на европските мир и стабилност и во насока на просперитетот, нагласи премиерот.

Како што информираат денеска од МНР, обраќање како специјален гостин имаше и амбасадорката на Украина, Лариса Дир, која изрази благодарност за помошта што Северна Македонија ја обезбедува за Украина, нагласувајќи дека истата е од витално значење за украинските бранители, кои, како што рече, по цена на сопствениот живот ја бранат и Украина и демократските вредности.

На настанот присуствуваа високи владини функционери, претставници на дипломатскиот кор и други значајни институции во земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски не стравува од истрагата за Унгарскиот кредит: Средствата се

03/09/2026
Македонија

Нова механизација за Комунална хигиена: Скопје доби возила за поефикасно

03/09/2026
Македонија

МВР со засилени контроли: 189 прекршоци направиле пешаци

03/09/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Метеоаларм за цела Македонија

03/09/2026
Македонија

Транспортерите од Западен Балкан најавуваат блокада на границите со ЕУ

03/09/2026
Македонија

ДЗР алармира: Фотоволтаични централи се одобрувале без соодветно планирање

03/09/2026
Македонија

МВР со детали за полициската акција: Кривична пријава за шест

03/09/2026
Македонија

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени лица поради финансиски криминал

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45422
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски не стравува од истрагата за Унгарскиот кредит: Средствата се на транспарентен начин потрошени

03/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека од македонска страна нема причина за загриженост поради истрагата што се води во Унгарија во

Нова механизација за Комунална хигиена: Скопје доби возила за поефикасно собирање на отпадот

03/09/2026

Скопје добива нова механизација за одржување на јавната хигиена, со која се очекува да се подобри собирањето и транспортот на

МВР со засилени контроли: 189 прекршоци направиле пешаци

03/09/2026

Најголем дел од прекршоците што ги прават пешаците се однесуваат на небезбедно преминување на улиците, покажаа резултатите од засилената сообраќајна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy