
Беќаровски: Меџити требаше да го смени прво организацискиот директор, а потоа д-р Јовев
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во објава на социјалните мрежи вели дека министерот Меџити прво требало да го разреши организацискиот директор, а дури потоа д-р Сашко Јовев затоа што пропустите се организациски и финансиски карактер.
– Организационите директори на Клиниките беа “измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот Премиер Никола Груевски, за наводно да ги водат сите технички работи по Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на стручните директори, а во пракса се сведе на вдомување на репрезентативните партиски лепачи на плакати, вели Беќаровски.
