
Баварија ќе регрутира работници од Балканот
Германија има потреба од 400.000 имигранти годишно, а Баварија отвора специјална канцеларија за привлекување на квалификувани работници од Балканот.
Целта е да го олеснат доаѓањето на потенцијалните работници од нашиот регион.
„Наскоро ќе отвориме сопствена канцеларија во Албанија преку Здружението на баварската економија. Сакаме да бидеме присутни за инвеститорите и во исто време да донесеме медицински персонал и експерти во Баварија – многу побрзо отколку што амбасадата, за жал, може да направи во моментов“, изјави баварскиот премиер Маркус Содер (ЦСУ) за германската агенција за печат.
Ќе се забрза процедурата за влез на работници од Балканот во Германија. Баварија веќе има блиски врски со Австрија, Чешка, Хрватска, Бугарија и Грција.
Но, не е само Германија, туку и Австрија бара сезонски работници и тоа 40.000.