Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Барселона се спаси од бламажа, Олимпијакос потона во Минхен
Спорт

Барселона се спаси од бламажа, Олимпијакос потона во Минхен

25/10/2024

AA

Екипата на Барселона изби на првото место на табелата во Евролигата откако вечерва по голема мака го совлада Асвел на домашен терен со 90-83.

Во најголем дел од натпреварот, „каталонците“ се наоѓаа во негатива, но во последниот период направија серија од 7-0 за водство од 83-79. Конечните +7 беа највисока предност за Барселона на овој натпревар, а повторно ситуацијата ја спаси Кевин Пантер кој беше најефикасен со 20 поени.

За разлика од Барса, Олимпијакос не успеа да се спаси од бламажа и загуби на гости кај Баерн со 80-84 и покрај тоа што по серијата од 15-0, првото полувреме го заврши со водство од 43-32. Германскиот шампион во вториот дел одигра многу поквалитетно, успеа да направи пресврт и да дојде до важна победа со која излезе пред својот вечерашен противник на табелата.

Олимпијакос не игра според очекувањата на стартот од сезоната и покрај тоа што пред нејзиниот почеток значително се засили и донесе голем број европски и светски ѕвезди. По пет кола е на биланс 2/3, а допрва му претстојат најтешките дуели, како оној против Реал во вторник.

РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Панатинаикос 76-81
Барселона – Асвел 90-83
Баерн – Олимпијакос 84-80

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Кучето кое беше измачувано од дете е одземено –

30/01/2026
Македонија

Најстудено денеска на Попова Шапка

30/01/2026
Македонија

ПРИЗНАНИЕ ЗА НИВОТО НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Заврши мониторингот од

30/01/2026
Македонија

Казни од Сејф сити за лизинг-возила ќе стигнуваат директно кај

30/01/2026
Македонија

ВИДЕО Стара куќа се урна врз паркирани возила во Битола!

30/01/2026
Македонија

Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на

30/01/2026
Македонија

Хоџа најави построг пристап кон индустријата и начело „загадувачот плаќа“

30/01/2026
Македонија

ГРЧКИ КЛИНИКИ НА ДИВО СОВЕТУВАЛЕ ПАЦИЕНТКИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ИН

30/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40827
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Кучето кое беше измачувано од дете е одземено – не било идентификувано со микрочип

30/01/2026

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерството за

Најстудено денеска на Попова Шапка

30/01/2026

Максималната температура денеска се движеше од 1 степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 5 во Крушево, 6 во Маврови

ПРИЗНАНИЕ ЗА НИВОТО НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Заврши мониторингот од Советот на Европа

30/01/2026

Ова е историски момент, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста, Македонија веќе не е опфатена

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy