
Барса со најомилениот резултат извлече три бода на гостувањето во Билбао (ВИДЕО)
Јунак во таборот на Каталонците беше Рафиња, кој го постигна победничкиот погодок во судиското надополнување од првото полувреме и тоа со помош на ВАР, откако претходно помошниот судија го крена знаменцето и покажа офсајд.
Домаќинот доминираше во вториот дел, имаше неколку големи шанси, па дури и поништен погодок на Инаки Вилијамс во 87. минута, кој беше поништен поради игра со рака.
Барса пред Ел Класико следниот викенд останува со девет бодови повеќе во однос на Реал Мадрид, па ќе биде големо чудо ако на крајот не дојдат до посакуванат цел – шампионскиот трофеј.