Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМА ЛИ КРАЈ? Лебот, млекото, месото и јајцата поскапеле над 30 отсто, кафето и слатките само 20 проценти
Економија

ИМА ЛИ КРАЈ? Лебот, млекото, месото и јајцата поскапеле над 30 отсто, кафето и слатките само 20 проценти

13/03/2023

AA

Цените на прехрамбените производи вртоглаво пораснаа. Трошоците на граѓаните
за основни продукти драстично се зголемија. Бројките говорат дека во период од
една година цените на сите производи во малопродажба се зголемиле. Граѓаните
честопати коментираат оти денеска за истите продукти даваат двојно повеќе пари,
отколку пред една година.

Ударот врз ѕебот на граѓаните започна веднаш по воениот конфликт во Украина
со растот на цените на маслото. Но, тука не запре „јуришот“, бидејќи во
следните месеци посапеа сите производи. Иако лани сончогледовото масло имаше најголемо
поскапување, неговата цена постептено се намали, но потоа поскапеа сите
хранливи продукти. Од брашното, преку тестенините и лебот, се до јајцата,
месото, кафето, шеќерот, оризот, гравот и останатите земјоделски култури.

Бројките кои ги објавува Државниот завод за статистика говорат дека во
период од една година најмногу поскапел лебот, од други 40 отсто. Потоа следува
месото кое поскапело 30 проценти, а нешто повеќе или 36 отсто млекото, сирењето
и јајцата. Маслата покапеле 20 отсто, а раст забележаа и слатките продуките, и
тоа за високи 18 проценти.

Растот на цените предизвика бурни реакции меѓу граѓаните кои
незадоволството го искажуваат секојденовно преку постови и коментари на
социјалните мрежи.

Дозволиле јогурт за една година да поскапе од 48 на 80 денари, односно за 67%. Сега се фалат дека од 80 ќе паднел 10%, односно на 72. И за нив тоа е добро. А уствари јогуртот пак е поскап и тоа многу.

— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) March 11, 2023

Последниве месеци значително поскапеа и другите задоволства, па кај кафето,
кое руши рекорди има раст од 20 отсто на цените, што како и лебо предизвика лавина
реакции на социјалните мрежи.

– 
Кај глобалните цени на храната, дури
е евидентно намалување во подолг период, меѓутоа тоа сеуште не е доволно
отсликано во домашната економија, дел поради компензирањето со цените на
енергијата, што требаше да се адресира со фиксирањето на цената на струјата за
прехранбената индустрија, 
дел поради кумулирани залихи, но и дел поради
пазарните односи во одредени сегменти од производството на храна– објаснува професорот Марјан Петрески.

Но, податоците говорат
дека нашата земја има меѓу најависоките стапки на раст на трошоците на живот. Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември.
Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто.Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија
изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави
статистичка агенција на ЕУ, Евростат,
што го поставува прашањето зошто кај нас има толку високи стапки на инфлацијата
и како да се зауздаат.

Во продолжение детална листа од ценовните
разлики на дел од најкористените продукти во малопродажба во месец јануари
годинава и претходните две години.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy