
Барса го прегази Елче и му зададе тешка домашна задача на Реал Мадрид (ВИДЕО)
Роберт Левандовски прв го начна домаќинот во 20. минута и тоа беше единствен погодок во првото полувреме. Како одминуваше средбата, Каталонците играа се подобро, што им донесе уште три погодока во продолжението. Ансу Фати погоди во 56. минута, десет минути подоцна Левандовски вторпат реализираше, додека конечниот резултат го постави Феран Торес во 70. минута.
Барса сега има 76 бодови, додека Елче со само 13 бода веќе може да се прогласи за второлигаш.

