
Барди пред дуелот со Италија: Сакаме цела нација да ја направиме горда
Барди вели дека се мотивирани пред средбата против „аѕурите“, а воедно посочи дека натпреварите против силни репрезентации им се одлична шанса за да станат подобри.
„Утре ни следи нов натпревар против Италија. Не треба да потенцирам дека сме мотивирани, ова е меч кој секој фудбалер сака да го игра. Имаме нови фудбалери и нова шанса да бидеме подобри. Верувам дека пак ќе ја направиме горда македонската нација и нашите најблиски“, кажа Елмас.
