
БАНКРОТИРАШЕ УШТЕ ЕДНА ПОЗНАТА СРПСКА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА: Не се знае колку патници „Гуливер“ остави без одмор
Туристичката
агенција „Гуливер“ од Краљево е затворена поради финансиски потешкотии, а не се
знае колку патници останале без пари или годишен одмор.
Директорот на
Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА), Александар Сеничиќ, за
РТС изјави дека агенцијата „Гуливер“ минатата година пријавила потешкотии во
работењето, дека успеала да продолжи со работа, но дека се уште има аранжмани
што не ги платиле.
Туристичката
инспекција ќе го утврди бројот на оштетени патници, околностите и висината на
нереализираните аранжмани, а ќе го утврдиме и начинот на кој овие патници ќе ги
остварат своите права и ќе бидат обештетени“, рече Сеничиќ.
