Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЕ Е ЕКОНОМСКОТО ЧУДО ОД СТРУШКО РАДОЛИШТА? Од објава на огласи направи профит од 150.000 евра!
Економија

КОЕ Е ЕКОНОМСКОТО ЧУДО ОД СТРУШКО РАДОЛИШТА? Од објава на огласи направи профит од 150.000 евра!

22/08/2023

AA

Кој ги врти
парите во делкругот на огласите. Какви се приходите на компаниите кои им служат
на граѓаните кои сакаат да огласат на продажба свои производи? Еден брз преглед
на податоците на Централниот регистар покажува дека овие компании се за пофалба иако официјално се дел од „малите
компании“ во земјава, сепак, нивните приходите воопшто не се за потфрлање.

Споредба
меѓу „Реклама 5“ и „Пазар3“ покажува дека компаниите остваруваат висок профит,
особено едната од нив. Но, да ги видиме деталите.

Бројките покажува дека финансиските податоци за „Реклама5“, или како што е
официјалното име „Друштво за услуги производство и трговија БИГМЕДИА ДООЕЛ увоз
– извоз с. Радолишта Струга“, со регистрирана дејност Односи со јавноста и дејности на
информирање, која влегува во мали компании и чија сопственост е приватна,
минатата година има навистина „импресивни“ резултати.

Имено во
2022 година компанијата успеала да инкасира дури 13.045.781 денар, при што
имала раст од дури 13 проценти. Ова се вкупните приходи на „Реклама5“.

Компанијата
минатата година имала неполни три милиони денари расходи, или поточно 2.909.154
денари, каде исто така има раст од 23 отсто. Она што најмногу привлекува
внимание е што фирмата, за која официјално е напишано дека брои само еден
вработен, успеала да оствари добивка од скоро 150 илјади евра, или поточно
9.122.964 денари.

Што велат
податоците за „Пазар3“, уште една компанија која е позната токму по огласите
кои можат граѓаните да ги постават и со кои најчесто сакат да отуѓат некој свој
имот. Па така, „Друштво за посредување и услуги ПАЗАР3.КОМ ДООЕЛ, увоз-извоз
Ресен“, чија официјална дејност е посредување во трговија со разновидни
производи, кое исто така во приватна сопственост и кое влегува во мала
компанија, сепак има 15 вработени. „Пазар3“, лани успеала да оствари 10.742.513
денари приходи, при што имала пад од 18 проценти.

Нивните
расходи достигнале 8.796.591 и таму имаат намалување од 27 отсто. Вкупната
добивка за минатата година на оваа компанија била 1.625.189 денари или 26
илјади евра.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy