
Баерн почнал преговори со Ајнтрахт за Коло Муани – трансферот 100 милиони евра
Коло Муани, трагичарот од Мундијалот во Катар со промашениот зицер во судиското надополнување од продолженијата во финалето за светска титула на Франција игра извонредно во Бундеслигата и Баварците од поодамна го имаат на око.
Според најавите, Ајнтрахт ќе бара 100 милиони евра, но засега освен почетни разговори за трансферот, нема ништо конкретно, но се очекува по завршување на сезоната преговорите да се интезивираат.
Баерн бара центарфор за новата сезона откако летоска го загуби Роберт Левандовски, па нема играч во тимот кој ќе даде над 25-30 гола во сезоната и оваа мака според анализите е причина за многу послабата сезона од очекувањата.
