
Баерн Минхен со пресврт до тешка победа во Менхенгладбах! (ВИДЕО)
Баерн Минхен потешко од очекувањата дојде до победа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.
Домаќините поведоа по половина час игра со гол на Итакура.
Баерн Минхен преку Сане во 58. минута го изедначи резултатот, а потоа долго се мачеше да постигне уште еден гол и да го сврти резултатот.
Тоа конечно им успеа во 87. минута кога Тел постигна гол за пресврт и победа од 2-1.
По првите три кола, Баерн Минхен има исто толку победи, Менхенгладбах има освоено само еден бод.
