![Бадијала се надева Хајдук: Перишиќ нема да заигра до крајот на сезоната](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/222777-badijala-se-nadeva-hajduk-perishikj-nema-da-zaigra-do-krajot-na-sezonata-jpg.webp)
Бадијала се надева Хајдук: Перишиќ нема да заигра до крајот на сезоната
Наводно, во неговото лекување по тешката повреда на коленото дошло до грешка и уште нема точни информации во врска со неговото враќање и покрај тоа што тaкво нешто беше најавено за средината на април. Тој се повреди во септември 2023, во јануари потпиша за Хајдук како позајмен играч и требаше да биде големо засилување во борбата за шампионската титула, но по сѐ изгледа нема да заигра во белиот дрес.
Перишиќ во моментов повремено тренира со топка, но тимски тренинзи и натаму нема, а до крајот на хрватското првенство има уште девет кола и точно два месеца. Менаџерот на Тотнем, Енџи Постекоглу изјави дека Перишиќ најверојатно повеќе нема да заигра за лондонскиот тим со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.