Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Азески на консултации кај компаниите-Бизнисот бара членство во Европската економска заедница
Економија

Азески на консултации кај компаниите-Бизнисот бара членство во Европската економска заедница

14/02/2024

AA

Македонските компании бараат државата да стане членка на Европската економска заедница за да се отвори заедничкиот европски пазар кој нуди безброј можности за раст и проширување на бизнисот, што ќе повлече и напредок на македонската економија во целост. 

Ова прашање беше отворено на работната средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и извршниот директор на компанијата „Лион“ Ристе Ристевски при посетата на фабриката во Свети Николе.

На состанок, кој беше организиран во рамки на координативните средби и консултации што Азески ги има со компаниите за платформата за разговори со политичките партии пред изборниот процес, беше истакнато дека компаниите во моментов имаат побарувања за извоз, но поради многубројните административни бариери не можат да ги испорачаат сите свои производи на европскиот пазар.

Од тие причини Комората веќе има преземено активности кои се усвоени на Собранието на СКСМ, а се во насока на заедничко дејствување со останатите шест Стопански комори од регионот. Креаторите на политиките во државата треба сериозно да го земат предвид економското и пазарното учество во Европската Унија преку членството во Европската економска заедница. Тоа на компаниите ќе им овозможува бројни предности. Заедничкиот пазар овозможува пристап до големата база на потрошувачи, што значи поголема продажба на производите и услугите што ги нудат. Од друга страна тоа ќе придонесе кон зголемување на компетитивноста на секторите и учество во различни европски фондови.

На состанокот стана збор и за активностите на Националниот совет за извоз, кој е формиран од Стопанската комора како главен механизам за јавен-приватен дијалог каде ќе се третираат сите прашања поврзани со извозот.

Двајцата соговорници ја истакнаа и потребата од владеење на правото во државата, намалување на непродуктивните трошоци од централниот буџет, како и поголема реализација на капиталните расходи.

Компанијата „Лион“ од Свети Николе произведува квалитетни кондиторски производи, кои 70% се извезуваат во регионот, во Европа, Блискиот исток и Медитеранот. Компанијата вработува 160 работници, од кои половина се инвалидни лица. 

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy