Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Проверете го сметките, Владата исплати 7 милиони евра субвенции
Македонија

Проверете го сметките, Владата исплати 7 милиони евра субвенции

14/02/2024

AA

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.

По оваа основа се исплатени 442 милиони денари за 9.751 лозаропроизводител. Висината на директните плаќања е 40.000 денари по хектар.

Исто така Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на крајот на 2023 година ја изврши исплатата за мерката за оддржување на лозови насади, со што со реализација на денешната исплата, вкупната поддршка која ја добиваат лозарите е 52.000 денари по хектар.

Лозаропроизводителите се и корисници на поддршката за субвенционирање на горивото за земјоделската механизација – зелена нафта за која во 2024 година во пресрет на бербата производителите на грозје ќе добијат субвенција за дизел гориво од 9.600 денари по хектар.

„И оваа година ја запазуваме традицијата, односно поддршката за лозаропроизводителите доаѓа во пресрет на празнувањето на Свети Трифун – заштитникот на лозарите“ – се вели во соопштението на Министерството за земјоделство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy