Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЗЕРБЕЈЏАНИТЕ НУДАТ АМНЕСТИЈА: Дали Ерменците ја прифаќаат понудата
Македонија

АЗЕРБЕЈЏАНИТЕ НУДАТ АМНЕСТИЈА: Дали Ерменците ја прифаќаат понудата

22/09/2023

AA

Раководството на Нагорно Карабах денеска соопшти дека е постигнат договор за пристигнување на хуманитарен конвој од Ерменија.

Советникот на претседателот на меѓународно непризнатата Република Карабах, Дејвид Бабајан изјави дека ситуацијата во сепаратистичкиот регион е тешка, луѓето се гладни, нема струја и има недостиг од гориво.

Во меѓувреме, советникот на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџиев, вети дека Баку ќе се погрижи цивилите безбедно да патуваат со свои автомобили на патот што води од планинскиот регион кон Ерменија.

Баку предвидува амнестија за борците од Карабах кои ќе го положат оружјето. Сепак, некои веќе кажаа дека ќе продолжат да се спротивставуваат.

– Дури и кога станува збор за поранешни војници и борци, ако може да се класифицираат како такви, па дури и за нив предвидуваме амнестија или алудираме на амнестија. Ќе се почитуваат правата на Ерменците од Карабах во рамките на нивната интеграција во Азербејџан – рече Хаџиев и додаде дека тие побарале хуманитарна поддршка, како и снабдување со нафта и бензин.

Во регионот ќе бидат доставени три товари хуманитарна помош.

– Во моментов гледаме дека некои поединечни воени групи и офицери јавно изјавија дека нема да се согласат со нашите услови и ќе продолжат да даваат отпор. Но, ние не го гледаме како најголем проблем или голем безбедносен проблем. Секако дека ќе направат одредени проблеми, но не на овој начин, во поголеми размери – додаде Хаџијев.

Оваа недела, Азербејџан започна блицкриг во регионот и објави дека го вратил својот суверенитет над регионот откако властите во Карабах се предадоа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy