Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипинците доаѓаат да работат на Балканот, но нивен сон е живот во развиените европски земји
Економија

Филипинците доаѓаат да работат на Балканот, но нивен сон е живот во развиените европски земји

22/09/2023

AA

Германија или
Холандија се земјите каде сака во иднина да живее Филипинецот Еман Табилон, кој
веќе неколку месеци работи како возач на камион во Загреб.

Овој човек
објаснува дека во својата родна земја имал работа, но ниските плати, лошото
функционирање на филипинското општество и корупцијата го натерале да замине.
Пред да се вработи во Хрватска, работел во Катар, каде добро заработувал. Во Хрватска дошол преку агенција. Вели дека Хрватска е
убава земја, задоволен е, но во иднина сака да се пресели во некоја друга
европска држава каде платите се повисоки. Решил да работи во Хрватска затоа што
како што вели, има баланс меѓу професионалниот и личниот живот. 

„Лично мојата
плата е помала од онаа на претходната  работа, но ја избирам Европа затоа што има рамнотежа.
Ја имаш работата, но и време да уживаш.  Во
Катар бев тренер на опрема за оператори. Овде не е толку напорна работата и можете
да патувате во различни земји. Платата е сосема во ред, но не е толку висока“,
вели Табилон.

Објаснува дека
има доста Филипинци кои работат во Хрватска. Точен број не знае, но додава дека
повеќето се со високо образование, а има и многу семејни луѓе кои се доселиле.

„Во Хрватска има
убава клима, луѓето се гостопримливи, има места со убав поглед на море“, рече
Табилон.

Пред да дојде во
Хрватска истражувал за земјата на интернет за да знае што може да очекува. Вели
дека има Филипинци кои веројатно ќе останат да живеат во Хрватска, но има и негови сонародници кои се враќаат назад, во матичната држава, а оние кои сакаат да напредуваат,
планираат да живеат во побогатите земји на европско тло.

„Можеби некои ќе
останат во Хрватска, но има и други европски земји кои нудат подобра плата.
Овде ја работиме истата работа како на Филипини, но имаме повисока плата. Ако
имате соништа да заработите повеќе, треба да заминете надвор од земјата. Ние
бараме подобро место за живеење и тоа си зависи од човек до човек, но за мене
овде е подобро за живот“, додава Табилон.

Овој човек вели
дека несебично споделува информации со своите сонародници кои сакаат да работат
во Хрватска.

„Секако дека да,
затоа што ние делиме иста култура“, рече Табилон.

Статистиките
покажуваат дека во Хрватска има пораст на бројот на работници од Азија.
Хрватските медиуми пишуваа дека Филипинците се љубезни, одговорни и добро
прифатени во нивната средина. Лани во Хрватска имало над 4.500 филипински
државјани со дозвола за престој. Ги има во хрватската престолнина, во Пула, во
Петриња и на други места. Филипинци има и во Србија и Словенија, каде се
дојдени поради работа.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
Македонија

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44935
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во друго возило

09/08/2026

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој додека управувал возило изгубил свест и удрил во друго возило. Пациентот со повреди

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави својот заштитник Свети Пантелејмон

09/08/2026

Со Света празнична архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со свештенството и во присуство на

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор од животна опасност

09/08/2026

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по претрпена тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, со добри витални

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy