
АЗ Алкмар со уште една победа го исфрли Лацио од Конференциската лига (ВИДЕО)
АЗ Алкмар го шокираше Лацио на Олимпико победувајќи го со 2-1, а сега со истиот резултат го совладаа римскиот клуб и на свој терен.
Лацијалите почнаа одлично, со гол на Фелипе Андерсон во 21. минута дојдоа до водство од 1-0, но тоа траеше само седум минути кога Карлсон изедначи на 1-1.
Во 62. минута Карлсон асистираше до Павлидис кој реализираше за победа на холандскиот тим од 2-1 и пласман во четвртфиналето на Конференциската лига.
Вест Хем со убедливи 4-0 го победи тимот на АЕК Ларнака. Иван Тричковски не настапи на овој дуел, остана на клупата за резерви.
Боуен даде два гола за премиерлигашот, по еднаш погодија Скамака и Мубама.
Андерлехт го шокираше Виљареал победувајќи го со 1-0 во Шпанија. Првиот меч заврши 1-1, па белгискиот тим оди понатаму.
Натпреварувањето го продолжи и Ница која со 3-1 го совлада Шериф.

