
АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди итно пренесено во болница

Осумнаесетгодишно момче е тешко повредено откако рано утрово било удрено од автомобил на улицата Миро Барага во Пробиштип.
Несреќата се случила вчера околу 6:10 часот, кога „тојота“ со штипски регистарски таблички, управувана од 50-годишниот Д.Т. од Пробиштип, удрила во пешакот Ф.А. (18), исто така од Пробиштип.
Повредениот веднаш бил пренесен во здравствената установа во градот, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид, а по налог на јавен обвинител се утврдуваат сите околности под кои се случил инцидентот.
.
