Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Автобуските полни, граѓаните револтирани – нема автобуси низ Скопје!
Македонија

Автобуските полни, граѓаните револтирани – нема автобуси низ Скопје!

22/09/2025

AA

Скопје денеска остана без јавен превоз, што предизвика хаос и голем револт кај граѓаните. Најмногу на удар се учениците и студентите кои со часови чекаат на автобуските постојки, но автобуси нема, а дел од нив се принудени пешки да одат на училиште.

На социјалните мрежи граѓаните масовно реагираат на состојбата, обвинувајќи за целосен колапс на јавниот транспорт.

„НЕМА АВТОБУСИ ЕЕЕЕЈ. НЕМААААА! Како децата ќе стигнат на прв час?“, коментира еден разгневен родител.

Други сведочат дека по два и пол часа чекање поминале само два автобуси, преполни со патници во кои речиси и не можело да се влезе.

„Децата ми се враќаат пешки од училиште, по 90 минути пешачење, бидејќи нема автобуси!“, се вели во друга реакција.

Слични проблеми има и во населбите Лисиче, Драчево и Пинтија, каде граѓаните јавуваат дека автобуси воопшто не сообраќаат. Се споменуваат дефекти на возила, недостиг од гориво и запалени автобуси.

„Еден се запалил, друг не застанува затоа што е преполн. Во 9 часот децата треба да излезат за да стигнат за втора смена?! Катастрофа невидена!“, се пожалија родители.

Гневот расте и поради тоа што надлежните институции немаат официјално објаснување за колапсот во јавниот превоз, додека граѓаните бараат итно решение.

Претходно од Град Скопје информираа дека компанијата Пуцко Петрол прекинала со достава на гориво за ЈСП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy