Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Австралија: Најмалку петмина загинаа во најлошите поплави во последните години
Македонија

Австралија: Најмалку петмина загинаа во најлошите поплави во последните години

24/05/2025

AA

Властите во Австралија денес започнаа со работа за санирање на штетите предизвикани од разорните поплави во југоисточниот дел од земјата.

Лошото време предизвика смрт на најмалку пет лица.

Службите за итни случаи во државата Нов Јужен Велс соопштија дека продолжуваат да ја проценуваат штетата од поплавите што го зафатија регионот во последните денови. „Првичните проценки покажуваат дека најмалку 10.000 имоти се оштетени поради невидените поплави“, се вели во соопштението за медиумите.

Условите се подобрија од петокот во погодените области на најнаселената држава во Австралија. Сепак, стотици жртви од поплавите остануваат во објектите каде што побарале засолниште, изјави шефот на службата за управување со вонредни состојби Мајк Вошинг на прес-конференција во Сиднеј. Како што рече тој, само синоќа биле спроведени 52 спасувачки операции.

Бројот на жртви се зголеми откако 80-годишен маж беше пронајден мртов во поплавена куќа на околу 50 километри од Тари, еден од градовите најтешко погодени од поплавите, соопшти полицијата.

Премиерот Ентони Албанезе, кој беше принуден да ја откаже посетата на Тари во петокот поради поплавите, рече дека е „страшно да се чуе веста за уште повеќе загуби на животи“.

Поројните дождови предизвикаа излевање на реките, поплавувајќи огромни области, заробувајќи приближно 50.000 жители, од кои многумина се засолниле на покривите на зградите додека чекале помош од спасувачките екипи.

Австралија е погодена од екстремни временски настани во последните години. По сушата и разорните пожари на крајот од претходната деценија, тешките поплави предизвикаа хаос од почетокот на 2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy