Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД,  ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ
Економија

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

28/06/2024

AA

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма, коментирајќи ја инвестицијата на „Алказар енерџи“ која ја најави премиерот Христијан Мицкоски, рече дека граѓаните не добиваат ништо од промоцијата на инвестицијата во ветерниот парк.
„Вистината е дека ниту се почнати ниту се завршени преговорите, ова е најава на инвестиција, која сè уште институционално ќе треба да се води, да се одговори на сите отворени прашања.“, рече Битиќи.

Битиќи нагласи дека инвестицискиот фонд не е вистинскиот инвеститор, јавноста допрва треба да дознае кој стои позади него.

„Фондот прибира средства, нема гаранција дека ќе обезбедат финансиски средства до крај на 2025 година за да го почнат проектот, кој ќе почне тек некаде во 2026 година. Знаејќи колку време одзема изградба на ветерни паркови мојата проекција е дека во 2030 ќе има завршеток на овој проект“, рече Битиќи и појасни дека не треба да се прави политички маркетинг затоа што граѓанинот не добива ништо од самата промоција.

Зборувајќи за пристапот на претходната Влада предводена од СДСМ кон странските инвестиции, Битиќи истакна дека ништо не се објавуваше во јавноста пред да биде извесно и институционално завршено.

„Има многу низа на шпекулација околу кои се Алказар енерџи, дали позади стои кинеската државна компанија за енергетика, дали е некој друг тоа не можеме да го знаеме. Кога ќе кажете дека државата треба да ја направиме од увозник во извозник и дека оваа инвестиција ќе донесе 100 милиони евра во БДП, што тоа значи за граѓанинот, дали целата енергијата која ќе биде одземена на граѓаните, ветерот, природните ресурси, ќе биде извезена некаде. Дали тоа не е контрадикторно со тоа што го стремиме, а тоа е потрошувачката на граѓаните да се задоволи со домашното производство“, рече Битиќи и посочи дека не може да се препознае како е заштитен јавниот интерес.

Пратеникот Битќи истакна дека станува збор за суштинска разлика во пристапот кон странските инвестиции, кога Владата од СДСМ преговараше со стратешки инвеститори, секогаш се обидуваше да гарантира заштита на јавниот интерес, нешто што не е се случува сега.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза

18/08/2026
Македонија

Обвинителството постигна спогодби со осомничените за транспортот на марихуана во

18/08/2026
Македонија

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026
Македонија

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските

18/08/2026
Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40

18/08/2026
Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира:

18/08/2026
Македонија

11 нови случаи на ХИВ/СИДА во јули, најмладиот пациент има

18/08/2026
Македонија

Охридското Езеро неделава ќе се пориби со 100.000 пастрмки

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45082
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза

18/08/2026

Затвореник кој бил спроведен од Штипскиот затвор на судење во Основниот кривичен суд во Струмица успеал да избега за време

Обвинителството постигна спогодби со осомничените за транспортот на марихуана во Србија

18/08/2026

Обвинителството постигна спогодби со осомничените во случајот со транспорт на марихуана од Македонија во Србија, а судот по извршените проверки

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy