Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јавно-приватните партнерства на ЕСМ во Осломеј веќе продаваат струја, ама 100 вработени уште немаат преземено
Економија

Јавно-приватните партнерства на ЕСМ во Осломеј веќе продаваат струја, ама 100 вработени уште немаат преземено

02/12/2024

AA

Двете јавно-приватни партнерства кои ЕСМ ги склучи пред три и пол години за изградба на две големи фотоцентрали со вкупна моќност од 100 мегавати се во функција, но 100-тина вработени од РЕК Осломеј, како што беше договорено уште во јуни 2021, уште не се преземени од инвеститорите – турскиот „Фортис Енержи“ и бугарскиот „Солар Про“.

Двете инвестиции на локацијата во кичевски Осломеј, кои веќе испорачуваат струја во мрежата и ја продаваат, покрај предвидените вложени 70 милиони евра, требаше да доведат и стотина работници од рударско-енергетскиот комбинат. Од ЕСМ ни рекоа дека електраните веќе се во функција и дека, според договорот за јавно-приватно партнерство, ќе започне наплатата од партнерите од Бугарија и Турција. Од продадената, односно од произведената електрична енергија, „Фортис Енержи“ и „Солар про“ (ОСМ Солар) треба да му исплатат 18, односно 18,5 отсто од пазарната вредност на струјата како надомест за ЕСМ.

– АД ЕСМ изработува фактури за надомест за јавно приватно
партнерство кон ОСМ Солар почнувајќи од 05.02.2024 по завршувањето на 2 месеци
од почетокот со пробна работа. 

Кон
Фортис Енергетика АД ЕСМ ќе ја изработи првата фактура за ноември 2024 година почнувајќи од 06.11.2024 кога завршува периодот од 2 месеци од почетокот со пробна работа, ни одговорија од државните електрани.

Во РЕК Осломеј, според последниот годишен извештај на ЕСМ, има 860 вработени, а дополнително 66.5 милиони денари (повеќе од еден милион евра во 2023) биле потрошени за привремени ангажмани од агенции за вработување, сума која се зголемила за 12 отсто на годишно ниво.

– Оваа обврска е согласно Договорот за ЈПП и приватните партнери треба да превземат вработени лица од подружница РЕК Осломеј по еден
човек за секој инсталиран мегават, односно вкупно 100 лица за инсталирани 100MW
моќност. Приватните партнери извршија презентација во подружница РЕК Осломеј
пред вработените, при што постапката за превземање на вработени лица се уште е
во тек, ни одговорија од ЕСМ.

Договорот за двете јавно-приватни партнерства во јуни 2021 го објави тогашниот премиер Зоран Заев како една од најголемите инвестиции во обновливите извори за производство на електрична енергија во земјава. Обврската на ЕСМ беше да го даде земјиштето за локација кај РЕК ОСломеј, пристапен пат, да направи анализа за условите за производство и балансирање на енергија.

„Фотонапонската електрана од 100 мегавати е конципирана како две постројки од по 50 мегавати. Двете компании на јавниот повик имаа најдобри понуди. Тие на ЕСМ ќе му исплаќаат надоместок за јавното-приватно партнерство во износ соодветен на 18 отсто и 18,50 проценти од произведената електрична енергија за час. Пресметките покажуваат дека заработка на државата би се движела до 1,5 милиони евра годишно. Колку поуспешно ќе работи нашиот приватен партнер толку подобро ќе биде и за нашата држава. Дополнително инвеститорите имаат обврска да земат по еден вработен по мегават, односно 100 вработени од Осломеј за трајно да ги обезбедиме тие наши сограѓани. Тоа само ја потврдува Македонија како одлична дестинација за инвестиции во фотонапонски централи, како и посветеноста на Владата во спроведување на правична енергетска трансформација“, рече Заев.

РЕК Осломеј беше пуштен повторно во употреба пред половина месец како поддршка на грејната сезона. Директорот Сашо Вренцоски пред два дена рече дека новото раководство се соочува со исцрпени резерви на јаглен, затекната катастрофална состојба, неизвршен ремонт на термоелектраната, а половина од деловите потребни за вклучување во производство биле нефункционални.

„Благодарение на заедничките напори на новиот менаџмент и вработените, успеавме според можностите и краткиот период за подготовки да го оспособиме капацитетот, да го вклучиме во електроенергетскиот систем со цел да го зголеми домашното производство на електрична енергија. Доколку имаме дотур на јаглен, се надеваме дека термоелектраната ќе биде во можност да одговори на предизвиците и да помогне во текот на претстојните зимски месеци.“ рече Вренцоски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy