Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АВМУ поднесе тужба против МИОА, го прекршиле Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Македонија

АВМУ поднесе тужба против МИОА, го прекршиле Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

15/01/2024

AA

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека денеска поднесе тужба против Министерството за информатичко општество и администрација кое континуирано го прекршува Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што го загрозува функционирањето на целиот аудиовизуелен сектор.

Со измените на Законот од јули минатата година, чијшто предлагач е токму ова Министерство,  точно се утврди висината на средства коишто се издвојуваат од Буџетот на државата за финансирање на радиодифузната дејност, наменети за работењето на Агенцијата,  Македонската радиотелевизија и ЈП Македонска радиодифузија.

Спротивно на законската обврска, Министерството за информатичко општество и администрација, префрлува помалку средства од законски пропишаните, односно за последниве шест месеци регулаторот има добиено 4.812.030,00 денари помалку. Всушност, негативната пракса на намалување на средствата трае подолг период, бидејќи Министерството за информатичко општество и администрација и пред донесувањето на последните законски измени, префрлуваше помалку средства, користејќи го дискреционото право овозможено со претходниот закон.

Ваквото произволно намалување на финансирањето претставува директно прекршување на
Законот и ги доведува во прашање не само независноста, туку и извршувањето на надлежностите на Агенцијата. По усогласувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со најновите европски стандарди и прописи, Агенцијата доби дополнителни обврски така што сега е надлежна и за други субјекти на пазарот, како што се платформите за споделување видеа и инфлуенсерите.

Прекршувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги создава правна несигурност, негативно се одразува врз работењето на Агенцијата, на МРТ и на МРД, но и на целиот аудиовизуелен сектор. Почитувањето на Законот е предуслов за позитивен напредок во евроинтеграциските процеси, но и за пристап на македонските медиуми, организации и здруженија до европските фондови наменети за развој на аудиовизуелната област и културата, чиј вкупен буџет во рамки на Програмата Креативна Европа 2021-2027 е скоро 2 ипол милијарди евра.

Токму затоа, Агенцијата во два наврати се обрати до Министерството, меѓутоа и двете обраќања завршија безуспешно, поради што, за да ги заштити своите права, поднесе тужба пред Основниот граѓански суд Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy