
Авионска бомба и гранати од Првата Светска војна пронајдени во Могила
На 16.03.2024 во 14.05 часот во СВР Битола, Љ.Ѓ. од с.Градешница, општина Могила, пријавил дека во селото пронашол три стари гранати.
На 17.03.2024, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал експлозивните средства и констатирал дека се работи за една артилериска граната калибар 155 мм, една авионска бомба 10 либри и една артилериска граната калибар 75мм, сите по птекло од Првата светска војна.
ФОТО: Илустрација