
Авион на „Ер Индија“ принудно слета поради закана со бомба
Авион на „Ер Индија“ од Пукет, Тајланд, до индиската престолнина Њу Делхи добил закана за бомба и денес извршил итно слетување во Тајланд, соопштија властите на аеродромот во Пукет.
156 патници во авионот
Патниците биле евакуирани од летот AI 379, во согласност со плановите за вонредни ситуации, соопшти официјален претставник на аеродромите на Тајланд.
Во авионот имало 156 патници, а заканата за бомба била примена во авионот, се вели во соопштението.
Авионот полетал од аеродромот Пукет кон индиската престолнина во 9:30 часот наутро во петок, но направил широк круг над Андаманското Море и слетал назад на тајландскиот остров.