Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача во мојата кариера, не смеете да си дозволите разболување или повреда!
Македонија

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача во мојата кариера, не смеете да си дозволите разболување или повреда!

24/02/2026

AA

Новинарката Кристина Атовска, која двапати известувала од Украина, во гостувањето на 4TV.mk го опиша денот во животот на еден новинар во воена зона и предизвиците со кои се соочуваат медиумските работници.

„Фокусот на работата е најважен“, рече Атовска, додавајќи дека известувањето од војна е „веројатно најдисциплинираната задача“ во нејзината 23-годишна кариера.

„Не смеете да се разболите, не смеете да бидете повредени – тие ресурси се потребни на други места, докторите се на фронтовите, а најмала настинка или повреда може да значи животна опасност“, вели таа.

Таа истакна дека дисциплината е витална и во телото и во умот.

„Мора да се храните и да спиете доволно, иако тоа понекогаш изгледа невозможно, особено во градови како Харков каде бомбите паѓаат беспрестано. Дисциплината овозможува да останете здрави и способни за работа“, порача Атовска.

Покрај физичката и менталната дисциплина, Атовска нагласи и важноста на емоционалната контрола: „Кога излегуваме надвор, се соочуваме со луѓе кои го изгубиле сè – домови, семејство, нормален живот. Мораме да ја оставиме личната емоција на страна и да се фокусираме на новинарската задача, сè додека не дојде моментот за одмор, кога можеме да ги процесираме приказните што сме ги снимиле.“

Таа потенцира дека новинарите мораат да најдат тенка линија помеѓу објективното известување и почитувањето на емоциите на жртвите.

„Тоа е многу тешка задача – да ја пренесеш вистината без да се премине во сензационализам, со чувство на одговорност кон луѓето чии животи ги раскажуваме.“, вели Атовска за 4TV.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
Македонија

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба

28/07/2026
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
Македонија

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули –

28/07/2026
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање, ДУИ се заканува со Бадентер

28/07/2026

Предлог-законот за правична застапеност сè уште ја чека одлуката на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да биде ставен на

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“ во Македонија

28/07/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) досега евидентираше случаи на дури четири различни вектор-преносливи заболувања во земјава. Заклучно со последните податоци,

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба и приклучен на респиратор

28/07/2026

Повозрасен пациент кај кој е потврдено присуство на западно-нилска треска се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Станува збор за 76-годишен скопјанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy