
Атлетико Мадрид со три гола со глава до голема победа над Реал Мадрид (ВИДЕО)
Мечот како да беше решен во првите дваесетина минути, во кои прво Алваро Мората по само 184 секунди прв ја начна мрежата на Кепа, за потоа Гризман 17. минута да го удвои водството. Потврда на триумфот дојде на самиот старт на второто полувреме, со вториот погодок на Мората, со оглед што претходно Крос со гол во 35. минути на момент донесе надеж за пресврт кај „кралевите“. За одбележување е што домаќинот сите три гола ги постигна со удари со глава.
Атлетико со овој триумф се приближи до врвот од табелата во Ла Лига и тоа со 10 бодови со меч помалку од конкурентите, додека Реал Мадрид падна на третата позиција со 15 бодови од шест средби, по едне помалку од Барселона и големото изненадување Џирона.
