
Аталанта ја реши Рома и се приклучи во пеколната битка за ЛШ (ВИДЕО)
Аталанта ја најави својата победа уште во 39. минута со голот на Пашалиќ, по што во 74. минута Толои погоди за 2-0.
Надежта кај гостите за момент ја врати Пелегрини со погодок во 83. минута, но само една минута подоцна Копмајнерс погоди за 3-1 и го реши дуелот во корист на домаќините.
Рома се наоѓа на делба на четвртата позиција со Милан и има 56 бодови, а зад нив следат Интер со 54 и Аталанта со 52 бода.
