Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна Европската недела на имунизација – „Од суштинско значење е родителите да ја разберат важноста за вакцините на своите деца“
Македонија

Почна Европската недела на имунизација – „Од суштинско значење е родителите да ја разберат важноста за вакцините на своите деца“

24/04/2023

AA

Светската здравствена организација во Северна Македонија соопшти дека денеска почна Европската недела на имунизација, настан кој од организацијата се опишува како од темелно значење за СЗО во годината на „Големото надополнување на пропуштеното“.

Од организацијата информираат дека во текот на оваа година се забележува загрижувачки пад на опфатот со вакцинација кај децата ширум светот, а многу од причините за овој пад, според нив, може да се припишат на влијанијата предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

СЗО тврди дека во европскиот регион, како и насекаде низ светот, невакцинираните и нецелосно вакцинирани лица остануваат изложени на ризик од заразување со болести што може да се спречат, како што се малите сипаници, дифтеријата и детската парализа.

– Во Северна Македонија, опфатот во 2020 и 2021 година, како и прелиминарните податоци за 2022 година покажуваат дека некои деца пропуштиле една или повеќе дози вакцина, вклучително и првата доза вакцина против мали сипаници. Од суштинско значење е родителите да ја разберат важноста за надополнување на одложените или пропуштените дози на вакцини на своите деца, се вели во соопштението на СЗО во земјава.

Оттаму исто така велат дека заедно со Министерството за здравство на Северна Македонија, Националниот комитет за имунизација, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје и здравствените домови кои обезбедуваат услуги за имунизација, а со поддршка од другите партнери на Обединетите Нации, СЗО има работено и на иденфикацијата на невакцинираните и нецелосно вакцинираните лица и на олеснувањето на пристапот до Ковид-19 и рутинските вакцини.

– СЗО ја поддржа и иницијативата за зголемување на достапноста до знаења за вакцинација на локално ниво која исто така почнува оваа недела. Поддршката е дадена и на вакцинацијата на лице место „од врата до врата“, преку распоредување мобилни тимови за вакцинација низ целата земја, а во исто време и делење информативни материјали за вакцинација, изработени врз основа на медицината базирана на докази. Овие напори ќе продолжат се додека сите што ги исполнуваат условите за вакцинација не бидат целосно заштитени, се вели понатаму во соопштението.

Со навршување на 75 години од основањето на организацијата, посочуваат од СЗО, преку соработка со националните власти како и со други многу бројни партнери, остварен е голем напредок на организацијата во европскиот регион во подобрувањето и заштитата на јавното здравје што во голем дел се должи, како што се вели, на ефективноста на вакцините.

Во однос на тоа, СЗО го наведува примерот на искоренувањето на дестката парализа уште од 2002 година во Европскиот регион, а во земјава, работата во однос на елиминацијата на ендемското пренесување на болестите како што се мали сипаници и рубеола, како и ХПВ вакцината што им се нуди на сите девојчиња од 2009 година, за заштита од карцином на грлото, на матката и други видови на карцином.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy