
Астон Вила го победи Лил, ПАОК поразен во Бриж (ВИДЕО)
Оли Воткинс во 13. минута донесе водство за Астон Вила во мечот против Лил. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По 11 минути игра во вториот дел Мегин реализираше за зголемување на водството на Вила на 2-0.
Во 84. минута Лил даде гол преку Диаките за ублажување на поразот и надеж дека може да се сврти резултатот во реваншот.
Клуб Бриж со гол на Ветлесен уште во шестата минута дојде до победа од 1-0 над ПАОК.
