Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска: Жалам што Мицкоски не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа
Македонија

Арсовска: Жалам што Мицкоски не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа

22/05/2025

AA

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во објава на својот фејсбук профил изјави жалење што „првиот човек на Владата сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа“.

„Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби.

Мицкоски, надлежност за постапување против дивоградби има општинскиот градежен инспектор. Таков инспектор има општина Чаир и сите други скопски општини како посебни единици на локалната самоуправа во рамки на градот Скопје. Градот Скопје е единствена единица на локална самоуправа која нема градежен инспектор по ЗАКОН.

Освен општинскиот градежен инспекторат на Чаир надлежност има и Државниот градежен инспекторат кој е под директна надлежност на Министерството за транспорт и врски.

Кога станува збор за гонење на криминалци кои се фатени во спроведување на кривично дело, во случајов узурпација на државно земјиште, бесправна градба и нарушување на општа безбедност одговорноста е кај Министерството за внатрешни работи.

Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас во овој случај и апелирам, сега откако ги знаете одговорностите и надлежностите да постапите веднаш!“ – напиша Арсовска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над

22/07/2026
Македонија

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии

22/07/2026
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над 100 дрвја, штетите се огромни

22/07/2026

Кризниот штаб на Општина Куманово одржа итна седница по силното невреме кое вчера го зафати градот и околината. Сите општински

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии за пријавување на штетите

22/07/2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем економски развој

22/07/2026

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска официјално отвори своја оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Со отворањето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy