Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска му врати на Ѓорѓиевски: Кога го истураше отпадот пред Дрисла кажа дека е под „целосна сопствена одговорност“, срамно е да плаче на прес-конференции!
Македонија

Арсовска му врати на Ѓорѓиевски: Кога го истураше отпадот пред Дрисла кажа дека е под „целосна сопствена одговорност“, срамно е да плаче на прес-конференции!

12/07/2023

AA

Од Град Скопје се јавија со реакција на прес конференцијата на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тие велат дека неписменоста, функционална но и целосна, е главниот проблем на Македонското општество во последниве три децении.

„За жал, ниту денес, во 21. век не можеме да забележиме тренд на еволуција на писменоста кај државните функционери, напротив, од година во година се повеќе е изразена неписменоста во највиоските редови на централната, локалната и сите останати власти. Таков е и примерот, за жал, и со градоначалникот на општина Кисела Вода, кој освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување. Имено, имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во директна надлежност на градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот пак, што ја прифатил ваквата сугестија“, велат од Град Скопје.

Од таму се додава дека тоа што ги радува пак од прес конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес признал дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС.

„Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година. Договор има компанијата „Анизор“ која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла“ самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност“. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже“, велат од Градот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy