
Арсовска избрана за лидер на Нова Алтернатива, Зечевиќ во прв ред!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска стана нов лидер на Нова Алтернатива.
Таа е избрана со едногласна одлука на сите делегати на политичката партија, а по нејзиното бирање таа истакна дека време е политиката да биде натпревар на идеи, проекти, методи и понуда со подобар живот.
„Наспроти досегашното поимање на истата како начин на стекнување на привилегии на побрзо збогатување. Политиката не смее да биде извор на раздор, на поделби. Таа треба да биде точка на зближување и мост за надминување на сите проблеми преку дијалог“, вели Арсовска.
Арсовска порача дека партијата ќе има четири постулати врз кои ќе се заснова, а додаде и дека од наредната недела ќе почнат активностите на партијата околу изборот на органите и програмата.
„Ова се нашите основни постулати правда – вековниот стремеж на Македонецот за своја сопствева држава е впрочем и вековен стремеж за правда, затоа што државата е таа која треба да им гарантира праведност, правичност и еднаквост на сите наши граѓани пред законот. За жал, македонските политички елити во изминатите 33 години независна македонска држава, не успеаја да го остварат вековниот стремеж на Македонецот за правда. Не дека не можеа, јас повеќе би рекла дека не сакаа. Оттука неслучајно довербата во македонскиот правосуден систем е на рекордни најниски три проценти. Вториот постулат на Нова Алтернатива е ослободување на економијата од стегите на крупниот капитал, воведување на еднакви можности. Во изминатите 33 години Македонија мина низ транзиција и се трансформира во една квази капиталистичко општество кое што доведе до екстремно богатење на мала група на моќници и осиромашување на над 90 проценти од македонското население. Оваа точка од нашата визија е зголемување на економските слободи и целосна дерегулација, но и силна антипомополска политика. Третиот постулат на партијата е борбата со корупцијата и криминалот. И четвртиот последен постулат е целосна дигитализација на јавната администрација“, рече таа.
Како што вели, партијата ќе учествува на претстојните парламентарни избори.
„Сите опции ни се отворени, тоа е нешто за коешто треба нормално да се разговара. И во овој момент сметам дека е премногу рано Нова Алтернатива да можеме генерално и дадеме ваков одговор, меѓутоа она коешто го знаеме е дека ќе учествуваме на претстојните парламентарните збори. Имаме многу од нашите граѓани коишто не поддржуваат, коишто знаат за какви лица се работи кои можат да дадат многу за иднината на нашата земја“, рече таа.
Инаку, на оваа конвенцијаприсуствуваше и генералниот секретар на СДСМ – Миле Зечевиќ кој седеше во прв ред.
