
Арсенал заврши со Европа, Спортинг победи на пенали! (ВИДЕО)
Арсенал доживеа елиминација од Лига Европа откако на домашен терен не успеа да го победи Спортинг. Мечот во Лисабон заврши 1-1, а така беше и во Лондон по 120 минути игра.
Арсенал поведе во 19. минута со гол на Џака, а Педро Гонсалвеш во 62. минута со луд погодок од центар изедначи на 1-1.
Топчиите имаа шанси за победа, но не ги искористија. Немаше голови ниту во продолженијата, па пеналите го решаваа победникот.
Во пенал серијата Спортинг Лисабон ги даде сите пет шута, а во составот на Арсенал промаши само Мартинели, но тоа беше доволно за да бидат елиминирани.

