Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026

AA

Министерството за одбрана се подготвува за нов бран вработувања во Армијата. Наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на 300 нови војници, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, министерот појасни дека огласот ќе биде распишан веднаш по добивањето на потребната документација од Министерство за финансии, со цел постапката за прием да започне во пролетниот рок.

– Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме конкурсите, се надевам веќе во пролетниот рок што доаѓа, што повеќе луѓе да влезат, да се натпреваруваат меѓу себе и да бидат дел од Министерството за одбрана, односно од Армијата, изјави Мисајловски.

Тој посочи дека интерес кај младите има, нагласувајќи дека офицерскиот кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Со зголемувањето на буџетот за одбрана, како што рече, ќе се создадат услови и за подобрување на статусот и примањата на припадниците на Армијата.

Според него, од јануари минатата година сите вработени во Министерството добиле 30 проценти зголемување на платите, а со натамошното зголемување на буџетот ќе се работи и на дополнително подобрување на платниот статус.

Министерот најави и решение со кое би се овозможило задржување на војниците кои ќе наполнат 45 години, со цел да продолжат да придонесуваат во Армијата.

– Има иницијативи, што најважно е како да се задржат сите војници што ќе наполнат 45 години. Мислам дека набрзо ќе има решение со кое ќе бидат сите задоволени, како да ги задржиме сите војници во Армијата, за да можат дополнително да дадат придонес, изјави Мисајловски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41556
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

17/02/2026

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026

Народниот правобранител постапува по службена должност поради сериозните поплави кои го погодиле Кичево, информира заменик-народниот правобранител Илбер Руфати од подрачната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy