Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“
Економија

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

18/03/2025

AA

Антонио Аргир, член на Управниот одбор на групацијата НЛБ, одговорен за управувањето, плаќањата и за иновациите во неа, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески истакна неколку клучни ставови за Комората: Комората како двигател на економијата, Комората како партнер и предизвикувач на Владата и Комората како мост за квалитетно образование заради обезбедување стручен кадар.

„Комората, која постои 103 години, како претставник на економијата со 15.000 членки, претставува континуитет и еден од стабилните чинители на државотворноста на Македонија“, изјави Аргир.

Во разговорот Аргир истакна дека Комората мора да продолжи да биде силна поддршка на големите, особено на извозно ориентираните компании, кои директно влијаат врз растот на економијата. Тоа отвора нови можности за развој на малите и средни компании, што води кон поразвиена и постабилна клима и кон повеќе вработувања. Според него, во време кога демократски се остави простор за дејствување на повеќе комори, кога ќе се каже Комора, сепак, се мисли на Стопанската комора со нејзината моќност и бројност во однос на компаниите членки и како активен поддржувач и иницијатор на законски и деловни решенија за развој на компаниите.

Стопанската комора ја гледа како рамноправен партнер во работата со Владата, но истовремено и како активен предизвикувач и поттикнувач на Владата за градење подобра бизнис-регулатива, поволна клима за развој на македонскиот бизнис и повисок раст на БДП од досега постигнатиот. Тој истакна дека Комората треба да остане моќен поборник против сивата економија и корупцијата преку носење конкретни и храбри предлози за законски измени во прилог на градењето транспарентна бизнис-клима, во која сите ќе имаат исти можности.

„Комората треба да биде мост помеѓу компаниите и државата. Ние не сме опозиција на Владата, туку треба да идентификуваме било кај нас било во Комората било во Владата што е тоа позитивно што треба да го направиме и да работиме на тоа“, потенцираше Антонио Аргир.

Во продолжение на поткастот, во разговорот што го води Азески со гостинот во фокусот се образованието и дигитализацијата на процесите. Според Аргир, Комората треба да иницира и да создава услови за подобрување на човечкиот капитал и за справување со недостигот од квалификувана работна сила. За него значајна улога има едукацијата на младиот кадар во согласност со реалните потреби на стопанството. Смета дека државата мора да му посвети поголемо внимание на образованието, а прави споредба и со образованието во Словенија, која многу вложува во него. Треба да се воведуваат нови стандарди и методи и да не се прекинува со учење, туку да се вложува во доживотно учење. Со поддршка на континуираното учење човекот се надградува, совладува нови методи, ги следи светските трендови во однос на бизнис-моделите и ѝ овозможува на сопствената компанија да биде поконкурентна на пазарот. Во фокусот на едукацијата во иднина, според него, треба да бидат новите генерации и новите типови на бизниси.

Зборувајќи за дигитализацијата, тој потенцираше дека таа е неопходност, а не избор. Комората треба да се фокусира на иницијативата за автоматизација на процесите во администрацијата, за дигитализација на државните услуги и за модернизација на компаниите. Македонија не смее да заостанува и мора да се создадат поволни услови за примена на модерните технологии и на дигиталните решенија во малите, средните и во големите претпријатија.

„За дигитализацијата не треба да зборуваме дали треба или не треба. Таа е неминовна и треба што побргу да се оди во таа насока, и тоа дигитализација на бизнисот и дигитализација на администрацијата. Преку неа гледам спас во сузбивањето и на корупцијата и на сивата економија. Со дигитализација и на услугите и на плаќањата се сузбиваат можностите за сива економија и за корупција, кои се рак-рана на општеството“, истакна Аргир.

Антонио Аргир бил потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија во периодот од 2018 до 2023 година, а претходно од 2015 до 2018 година бил член на Собранието на СКСМ.

Линк до поткастот.

https://youtu.be/O_NvQrGJgUg?si=1m7gLxfkbIR-AG8o

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

18/02/2026
Македонија

ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА

18/02/2026
Македонија

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили

18/02/2026
Македонија

ДИПЛОМАТСКИ „РЕФРЕШ“: Владата предложи 9 нови амбасадори – ексминистерот Муртезани

18/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГИ ПОТВРДИ ОСТАВКИТЕ НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ И НА ЦВЕТА

18/02/2026
Македонија

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска

18/02/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУЧЕВИШКА БАРА: Едно лице загина, а друго се

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41604
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

18/02/2026

Струмичката противпожарна единица утрово интервенираше на три различни локации. Првиот пожар избил во 07:00 часот во викендичка на Суви Лаки,

ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ Со 40 амандмани издејствувавме

18/02/2026

Денеска повторно сме должни да ја кажеме вистината – истите тие кои денеска зборуваат за недостиг од социјален дијалог ги

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026

На денешната 85. седница, Собранието ги констатираше оставките на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и на членката на ДКСК, Цвета

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy