
Аргентина ја промовира новата колекција дресови која многу потсетува на онаа од 1994 година (ФОТО)
Изгледот на новите дресови предизвика еуфорија на социјалните мрежи кај љубителите на фудбалот во Аргентина кои се воодушевени од дизајнот. Причината е во тоа што тој многу потсетува на дресовите со кои аргентинската репрезентација настапи на Светското првенство во САД во 1994 година. И Копа Америка идното лето ќе се одржи во оваа држава.

„Гаучосите“ не се прославија на тој Мундијал, но првенството беше последно за Диего Марадона кој беше позитивен на допинг-тест и својот настап го заврши во второто коло. Без него во тимот, Аргентина доживеа елиминација во осминафиналето од Романија по што почна долгата суша на оваа репрезентација која траеше до 2021 година и освојувањето на титулата на Копа Америка во Бразил.
