Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ДОЗНА КОЈ ПЛАТИ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МАЛ ПРОЦЕНТ ОД ОКТА – еден трговец со нафта ја зајакнува својата позиција во скопската рафинерија
Економија

СЕ ДОЗНА КОЈ ПЛАТИ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МАЛ ПРОЦЕНТ ОД ОКТА – еден трговец со нафта ја зајакнува својата позиција во скопската рафинерија

14/11/2023

AA

Се дозна кој е купувачот на акциите на
скопската рафинерија ОКТА, кои беа истргувани преку блок трансакција во текот
на минатата недела.

Имено, станува збор за вториот по големина
акционер, односно трговецот со нафта и нафтени деривати „Пуцко петрол“, кој
всушност со купувањето на тој мал пакет акции, ја зајакнува својата позиција во
компанијата ОКТА.

За тоа дека „Пуцко петрол“ е купувачот на
акциите не стигна официјално известување преку Берзата од двете компании, но
таков заклучок дефинитивно може да се извлече доколку се погледне состојбата со
акционерската структура на ОКТА на акционери кои поседуваат над 5 проценти од
капиталот.

Имено, се до неодамна „Пуцко петрол“
поседуваше 10,87 отсто од акциите на скопската рафинерија, додека, пак,
согласно денешната состојба на Централниот депозитар, компанијата го има зголемено
својот акционерски пакет за 0,18 процентни поени, стигнувајќи така до учество
во структурата на ОКТА од 11,05 отсто.

Така што, според најновата вчерашна
понеделничка состојба на Централниот депозитар, „Пуцко петрол“ поседува 11,05
отсто од капиталот на ОКТА, што е за прв пат после подолг период зголемување на
нивниот акционерски капитал, и тоа токму за 0,18 колку што изнесуваше
количината истргувана во последната блок трансакција. Тоа ја влече
претпоставката дека таа компанија трговец со нафта е всушност купувачот на
тој акционерски пакет, за кој плати близу 200 илјади евра.

Како што веќе пишуваше Фактор, на почетокот на овој месец, на Берзата помина блок трансакија во која
за познат купувач беа продадени одеднаш 1.565 акции на оваа компанија, по цена од 7.588
денари за акција,
или за вкупна вредност од 193 илјади евра. 

Ако се погледне графиконот на движење на цената на акцијата на
ОКТА, може да се забележи дека на последниот ден на кој имало редовно берзанско
тргување пред таа трансакција, а тоа е 31 минатиот месец, акциите се продавале по многу пониска цена
од онаа по која поминала блок трансакцијата, односно 5.877 денари за акција.
Тоа значи дека купувачот од блок трансакцијата имал навистина голем интерес да
ги купи тие акции. 

Додека, пак, ако се набљудува вчерашниот ден,
може да се види дека цената по која се продаваа акциите на ОКТА беше уште
пониска, и таа изнесуваше 4.900 денари за акција. Беше истргувана мала
количина, од само 17 акции.

Инаку, летово имаше значаен раст на цената на
акциите на ОКТА, па таа на 19 септември всушност го достигна пикот, односно
дојде до 6.098 денари за акција. Тогаш дури
и Берзата ја праша компанијата која е причината, на што тие одговорија дека
нема никаква посебна промена, а дека главната причина најверојатно се добрите
резултати и перспективии на компанијата. 

Во октомври продолжи надолниот тренд на
акциите на ОКТА, па дури и таа акција имаше најголем месечен пад во однос на
другите акции што се тргуваат на Берзата, од 3,18 проценти, а таквата ценовна
надолна линија продолжува и во ноември, за вчера да дојде до 4.900 денари.

Инаку, овој мал пакет „Пуцко петрол“ сигурно
го има купено од некои поситни акционери на компанијата, со оглед што
доминантниот грчки акционер ЕЛ.П.ЕТ. Балканике Петролеум и натаму, како и
претходно, продолжува да располага со пакет од 81,51 отсто од капиталот.

Исто така, 1.263 домашни
физички лица продолжуваат
да поседуваат 6,81 отсто од акциите, што значи дека продавачот на акциите треба да
се бара или во некоја од домашните фирми, или, пак, кај странските физички или
правни лица кои поседуваа сосема мали акционерски пакети.

Треба да се спомене и фактот дека ОКТА е една од компаниите кои платија солидарен данок,
и тоа на сума од 813 илјади евра,
 за што таа даде информација и
во своето образложение за најновиот финансиски резултат. 

Инаку, како што веќе објави Фактор, нафтводот Скопје – Солун
пред неколку дена доби лиценца за работа и можност да биде употребен по повеќе
од една деценија. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче

05/05/2026
Македонија

Напад од кучиња скитници во Гостивар, 19-годишна девојка тешко повредена!

05/05/2026
Македонија

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

05/05/2026
Македонија

Мицкоски: И покрај критиките од вчера, стојам на ставот дека

05/05/2026
Македонија

Односот меѓу централната и локалната власт под лупа – гости

05/05/2026
Македонија

Поништени дипломи на УКИМ и Славјански универзитет по утврдени неправилности

05/05/2026
Македонија

Пожарот во Визбегово сѐ уште е активен

05/05/2026
Македонија

Авионска дезинсекција во четврток во Скопје против ларви од комарци

05/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43077
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

05/05/2026

Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска (5 мај) поднесе серија кривични пријави против родителите на малолетничките

Напад од кучиња скитници во Гостивар, 19-годишна девојка тешко повредена!

05/05/2026

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера утрото, во 08:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека во Медицинскиот центар

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

05/05/2026

Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy