Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаревски:Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и нема да подржи Уставни измени
Македонија

Јаревски:Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и нема да подржи Уставни измени

20/09/2023

AA

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер потенцираше дека она кое што е најважно за државата, граѓаните е дека Македонија има влада која што е потопена со корупција и влада на национални штетници.

-Имам период во кој што добиваме различни пораки, различни информации од различни места, но ако сакаме да сублимираме со што се соочуваме и ние како партија и како држава и како граѓани, се соочуваме со власт, со влада која што е потопена со корупција. Се соочуваме со власт која што ги разградува институциите, се соочуваме со влада на национални штетници, со трговци кои не се двоумат дали да посегнат по елементи, по договори, по работи само за еден ден власт плус. Еден ден власт плус кој што ќе биде обременет повторно со некој скандал, повторно со некој сомнителен  тендер, повторно со некое дело на корупција. И тоа го докажаа и претходно, рече тој.

Во врска со владата предводена од СДС, Јаревски укажа дека оваа влада е и без идеологија и принципи само за да останат ден плус на политичката сцена.

-Имаме крпеница од влада која што веќе не знаеме кој влегува кој излегува, без идеологија, без принципи само за уште еден ден власт. И во таа насока се покажаа дека се спремни на се, вели пратеникот.

Пратеникот Јаревски  додаде дека иако во јавноста излегуваа секојдневно информации и разни изјави во врска со уставните измени,  пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и нема да подржи уставни измени.

-Овие информации кои што ги имаме деновиве кажуваат на истото. Моментот е она што можеме да укажеме е дека има силни индикации па и нивни јавни изјави дека они бесрамно излегоа во јавност и рекоа разговараат или преговараат  или не знам што прават во насока на обезбедување на  мнозинство потребно за уставните измени во услови кога е јасно дека групата на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и дека никој нема намера такво нешто да подржи, порача тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44941
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy