Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈАПОНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 16 ГОДИНИ: Пазарната вредност на новиот гигант е близу 54 милиони долари
Економија

ЈАПОНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 16 ГОДИНИ: Пазарната вредност на новиот гигант е близу 54 милиони долари

24/12/2024

AA

Акциите на јапонскиот производител на автомобили Хонда остварија најдобар резултат во
последните 16 години, откако компанијата вчера и официјално ги објави плановите за откуп на сопствени акции во вредност до 1,1 трилиони јени (7
милијарди долари) во услови на преговори за спојување со Нисан.

Нисан и Хонда
потврдија дека започнале официјални разговори за спојување што би можело да ги
позиционира како трет по големина производител на автомобили во светот според

Исто така, Honda
објави дека планира да откупи 24 отсто од издадените акции до 23 декември
следната година. Акциите на Хонда забележаа раст од 15,51 отсто, што, доколку
се одржи, ќе биде нивниот најдобар резултат од октомври 2008 година. Во исто
време вредноста на акциите на Nissan падна за повеќе од еден процент.

Договорот меѓу
Honda и Nissan ќе се фокусира на споделување знаење и ресурси, постигнување обемна
економија и создавање синергии, рече извршниот директор на Honda, Тошихиро
Мибе.

Honda и Nissan ќе
основаат холдинг компанија која ќе служи како матична организација за двете
компании и ќе котираат на берзата во Токио.

„Овие две
компании работат на ист пазар, имаат многу сличен имиџ на брендови и многу
слични производи. Новото раководство се соочува со голем предизвик за
диференцирање на палетата на производи и проширување на бизнисот“, изјави за
CNBC Хакан Догу, претседател на Alagan Mobility Solutions, компанија
специјализирана за одржливи и иновативни решенија во областа на мобилноста.

Тука е и
стратешкиот партнер на Nissan, Mitsubishi, кој доби можност да се приклучи на
новата групација, а се очекува да донесе одлука за ова до крајот на јануари
2025 година.

Инаку, Honda
објави оперативен профит од 1,382 билиони јени (околу 9,4 милијарди долари) за
фискалната година до март 2024 година, во споредба со 568,7 милијарди јени
(околу 3,9 милијарди долари) на Nissan.

Комбинираната
пазарна вредност на двете компании би била речиси 54 милијарди долари, а Honda
го сочинува најголемиот дел со пазарна капитализација од 43 милијарди долари.

Аналитичарите
сугерираат дека потенцијалното спојување произлегува од финансиските тешкотии
на Nissan и преструктуирањето на неговото долгогодишно партнерство со
францускиот Renault.

Инаку, во последниот
квартален извештај, Nissan ги објави плановите за укинување на девет илјади
работни места и намалување на глобалниот производствен капацитет за 20
проценти.

фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy