Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АНТОНИО МИЛОШОСКИ ЈА ПОТВРДИ ПОДДРШКАТА ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Македонија е на страна на својот стратешки партнер САД
Македонија

АНТОНИО МИЛОШОСКИ ЈА ПОТВРДИ ПОДДРШКАТА ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Македонија е на страна на својот стратешки партнер САД

04/01/2026

AA

„Кога Македонија ја доби пресудата пред МСП во Хаг во 2011 година, половина од европските лидери кои денес држат лекции за почитување на меѓународното право, тогаш молчеа. Тие се правеа како нашата држава да не важи меѓународната судска норма на највисокиот суд на Обединетите нации“, напиша Милошоски.

Тој се потсети на пресудата од 2011 година, која утврди дека Македонија била спречена да добие покана за членство во НАТО во 2008 година.

– Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес – истакна пратеникот, нагласувајќи дека апсењето на Мадуро од страна на САД создава преседан за селективна примена на меѓународните облигации.

Милошоски го оцени ставот на Македонија како „навремен и правилен“, кој, според него, е изразен преку министерот за надворешни работи, Аслан Муцунски.

– Кратко и јасно – поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД. Светот влегува во нова геополитичка динамика, а Македонија, како членка на ОН и НАТО, легитимно и проактивно треба да го следи својот интерес – изјави тој.

Милошоски посочи дека новата ситуација претставува можност за мирна економска и демократска транзиција на Венецуела.

– Од автократија, земјата има прилика да стане демократија без политички затвореници и нарко-картели, и да биде стопански развиена држава во интерес на сите граѓани – рече пратеникот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy