Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Анима Мунди со апел до граѓаните: Да не се крева паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе
Македонија

Анима Мунди со апел до граѓаните: Да не се крева паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе

17/06/2025

AA

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје. Апелираме до граѓаните да не креваат паника – овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе, велат од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“.

„Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова не е закана, туку јасен сигнал дека и тие бараат начин да опстанат.

Лисиците се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои се плашат од луѓето и избегнуваат контакт. Присуството на лисици во урбана средина не значи дека се болни или агресивни. Напротив, во многу големи градови како Лондон, Берлин, Торонто, па и Љубљана, лисиците веќе се дел од урбаната дива фауна и живеат паралелно со луѓето без никакви инциденти.

Што треба да направите ако видите лисица?

Не обидувајте се да ја бркате, фаќате или храните.

Не оставајте остатоци од храна или отворени канти за ѓубре, затоа што тоа ги привлекува.

Ако сте со домашно милениче – држете го на поводник и останете смирени, лисицата ќе избега.

Пријавете ако видите повредена или залутана лисица.

Лисиците се дел од природата на нашата земја. Нека незнаењето не биде храна за ирационален страв и отпор. Наместо тоа, потребна ни е свесност, почит и разбирање кон овие животни кои се обидуваат да опстанат. Ве повикуваме да бидеме град кој живее во хармонија со природата.

Воедно, побаравме мислење од Македонското Еколошко Друштво (МЕД), а дел од нивниот коментар го споделуваме во продолжение:

Лисиците се редовни жители на Водно и често се забележуваат и во градските населби како Жданец, Водно, Козле и Нерези. Забележувањето на мајка со млади е јасен показател дека се работи за здрави единки.

Лисиците, како и другите животни кои се опортунисти во исхраната, лесно може да бидат привлечени во градските и селските средини од органски отпад кој не се селектира и не се собира редовно“, велат од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ во соопштение до јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46637
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА? Ако нема коj друг,

06/11/2026

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток, според процената на локалните власти, неконтролирано се движат низ Кривопаланечко, уништуваат насади и оштетуваат

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не беше случај во времето на

06/11/2026

Извештајот на Европската Комисија категорично потврдува дека актуелната Влада никогаш не го злоупотребила европското знаменце за некој закон, што не

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува на ставот за уставни измени

06/11/2026

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy