Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска: Структурни реформи и поквалитетни инвестиции на извозниот сектор за отпорност на глобалните шокови
Македонија

Ангеловска-Бежоска: Структурни реформи и поквалитетни инвестиции на извозниот сектор за отпорност на глобалните шокови

11/11/2023

AA

„Геоекономската фрагментација е сериозен ризик за среднорочните глобални изгледи за раст, а особено за малите и високо отворени економи како што е македонската.  Носителите на политиките и извозните компании треба да се подготват за можното остварување на геоекономските ризици и да ја зголемат отпорноста на домашната економија. Првите треба да направат повеќе напори за ублажување на структурните пречки кај факторите на долгорочниот раст, преку мерки на пазарот на труд, инвестициите, продуктивноста и квалитетот на институциите. Приватниот сектор треба да се насочи кон поквалитетни инвестиции, во интелектуална сопственост, истражување и развој и иновации. Од исклучително значење е и натамошното вклучување во глобалните синџири за снабдување, особено во покомплексните и пософистицираните фази на производниот циклус, што ќе овозможи понатамошна диверзификација на извозот, трансфер на технологии и размена на знаење и вештини, но и зголемување на степенот на комплексност на извозните производи“, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во својата колумна за изданието „Топ 100 извозници“.

„Високиот раст на трговската интеграција на нашата економија има значително позитивно влијание врз карактеристиките на економијата, особено на извозот. Сепак, по одреден период се бележи побавно менување на степенот на економска комплексност на домашната економија. Оваа констатација се заснова на податоците за индексот на економска комплексност на Харвард, според кој македонската економија во моментов се наоѓа само едно скалило погоре од рангирањето во 2000 година, иако напредокот станува позабележителен од 2015 година па наваму. Воедно, и учеството на производите со повисока додадена вредност во македонскиот извоз е значително зголемено во последните 20 години, од околу 11% во 2004 година, на околу 60% во првите седум месеци од 2023 година. Сепак, овој тренд е забавен во изминативе неколку години, што значи дека е потребен нов поттик за подобрување, што треба да произлезе делумно и од домашните извозни компании“, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска. Таа истакнува и дека зголемувањето на извозот на производи со поголема додадена вредност е особено битно поради фактот дека постои позитивна врска помеѓу комплексноста на извозот на една земја и нејзиното ниво на доход.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано

14/04/2026
Македонија

ОБЛАК ОД САХАРСКА ПРАШИНА ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе е побарана екстрадиција

14/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија и ги сподели своите очекувања за идната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy