Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов за поставениот крст на Попова Шапка: Да не се чепка!
Македонија

Ангелов за поставениот крст на Попова Шапка: Да не се чепка!

18/11/2023

AA

Крст висок околу 15 метра е поставен на зимскиот рекреативен центар Попова Шапка, а според информациите истиот нема дозвола за градба.

По поставувањето следуваа и политички реакции. ДУИ сака да го свика општинскиот совет, додека пак Алијанса за Албанците го осудува поставувањето на крстот на туристичко место на прагот на сезоната, бидејќи тоа претставува сосема непотребна провокација и поларизација.

На ова реагираше и директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на партијата Достоинство Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил упати реакција да не се чепка поставениот крст на Попова Шапка.

Според него, реакциите за 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка не само што се претерани по сите основи туку се и израз на непочит, крајно лицемерие и двојни стандарди од страна на албанските политички фактори во Македонија.

„Особено ако се земе во предвид дека живееме во период кога на Попова Шапка врие од бесправно изградени објекти, во период кога на Попова Шапка бесправно е изградена и четирикатна џамија со 20 метарско минаре, во период кога низ државата бесправно се изградија повеќе споменици, кули и “музеи” на УЧК, некои од нив “украсени” со карти на Голема Албанија, во период кога при пречек на високи гости од Косово се мавта со знамиња на Голема Албанија и знамиња на соседни држави без притоа да се истакне и македонското знаме, во период кога се заговара пуштање на химната на Албанија во училиштата во Македонија, конкретно во Тетово… Убаво е да се зачува смиреноста, убаво е да не се наседнува на провокации но се поставува прашање што ќе биде следно ако не пружиме агресивен отпор од наша, македонска страна? Затоа, ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка. Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана. А вие пробајте да го срушите“, вели Ангелов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да

16/11/2026
Македонија

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките

16/11/2026
Македонија

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ

16/11/2026
Македонија

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве

16/11/2026
Македонија

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски

16/11/2026
Македонија

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со

16/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Вајц

16/11/2026
Македонија

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46797
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да се употребува како техничка вода

16/11/2026

Водата во Струга е забранета за пиење поради зголемена заматеност во градскиот водовод, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките групи и претседателот на собранието

16/11/2026

Седниците за пратенички прашања во Собранието нема да имаат редовни паузи, со цел опозицијата да добие два часа ефективно време

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ Поднесено обвинение и побаран притвор

16/11/2026

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy