Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов до пратениците на СДСМ: Додека гласаат за поранешниот командант од УЧК да стане премиер, нека соберат храброст и нека гласаат и за оние кои загинаа или беа ранети од истата онаа УЧК од чии редови потекнува премиерот за кој гласаат денес
Македонија

Ангелов до пратениците на СДСМ: Додека гласаат за поранешниот командант од УЧК да стане премиер, нека соберат храброст и нека гласаат и за оние кои загинаа или беа ранети од истата онаа УЧК од чии редови потекнува премиерот за кој гласаат денес

28/01/2024

AA

Лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов упати апел до пратеничката група на СДСМ за поддршка на предлог законот за обештетување на необештетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители.

„АПЕЛ ДО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ НА ДОСТОИНСТВО ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ НА НЕОБЕСШТЕТЕНИТЕ ВОЕНИ ИНВАЛИДИ И СЕМЕЈСТВА НА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ

…Додека гласаат поранешниот командант од УЧК да стане премиер, нека соберат храброст и следните неколку дена нека гласаат и за оние кои загинаа или беа ранети од истата онаа УЧК од чии редови потекнува премиерот за кој гласаат денес…

Денес македонското Собрание ќе гласа за избор на техничка Влада која ќе биде предводена од досегашниот собраниски претседател и следен премиер, поранешниот командант од УЧК, Талат Џафери.

На негово место во Собранието е избран координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

На крајот на ноември минатата година, Достоинство поднесе иницијатива со Предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обесштетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители кои се’ уште се необесштетени.

Со своите потписи пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ даде недвосмислена подршка на оваа иницијатива со што таа стана и официјален Предлог закон.

Со образложение дека е испратен на превод на албански јазик, Талат Џафери избегна да го стави на дневен ред на собраниска седница овој Предлог закон иако истиот се состои од само еден суштински член.

Затоа, во име на сеуште необесштетените десеттина воени инвалиди и петнаесеттина семејства на загинати бранители апелирам до новиот собраниски претседател веднаш да го стави на дневен ред овој предлог закон, а до пратеничката група на СДСМ да даде поддршка на истиот.
Со поддршката на предлог законот на Достоинство ќе се исправи една голема неправда нанесена на воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители, но воедно ВМРО ДПМНЕ ќе ја тргне блокадата на Законот за вработените во одбраната кој го блокираа со над 1.500 амандмани.

Голема благодарност до пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ со надеж дека и пратеничката група на СДСМ на крајот на својот мандат ќе собере храброст и ќе се одважи да даде поддршка на се’ уште необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители од 2001-та. Исто како што денес ќе дадат поддршка на поранешен командант од УЧК, од истата онаа УЧК која ги уби или рани нашите соборци за кои бараме праведно обесштетување“, вели Ангелов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42372
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026

Можно е ново намалување на цените на горивата во земјава, откако надлежните најавија дека на следната седница ќе се разгледува

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња ѓомлезе

11/04/2026

Хуман гест во пресрет на велигденските празници сподели пејачот Стефан Спироски, кој најави дека ќе донира 1.000 парчиња ѓомлезе за семејства

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и воскресението

11/04/2026

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy