Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангел Димитров: Индијците се дојдени преку српска агенција за вработување
Економија

Ангел Димитров: Индијците се дојдени преку српска агенција за вработување

29/05/2023

AA

Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, кој претходно објави дека работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекарница во Свети Николе, денеска во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 дополни дека оваа ниско квалификувана работна сила е доведена преку српска агенција за вработување.

– Индијците во Свети Николе се дојдени во Македонија преку српска агенција за вработување и за нив се добиеми сите пропишани согласности. Што се однесува до квотите што се пропишани од државата тоа ќе мора многу скоро да се смени и да се либерализира вработувањето на странци, изјави Димитров.

Тој додадава дека има и Македонци кои почнуваат да формираат агенции за вработување на луѓе од Далечниот Исток, но дека и тие луѓе што ќе дојдат тука наскоро ќе си заминат во Европа.

– Кога би имале квалификувана работна сила во Македонија, ќе доаѓаат и пософистицирани индустрии од странство во кои работниците ќе бидат подобро платени, вели Димитров и додава дека во групата невработени има најмногу со недовршено основно или со основно образование, вели тој.

Според Димитров платите мора да ја следат продуктивноста и дека не може вештачки да се зголемува. Како што додава, кај нас продуктивноста е многу ниска па ни покачувањето на минималната плата не предизвика поголема продуктивност, затоа е потребно да се инвестира во технологии и да се направи промена во структурата на стопанството.

Димитров претходно посочи дека сопственикот на млекарницата и фармата е задоволен од работниците од Индија. За нив има обезбедено сместување, храна, плата, здравствени прегледи, визи и тоа се едни од условите, за овие работници да дојдат и работат, во овој сектор.

„Пополека почнува да се примаат работници од странство, има нешто во земјоделието, кај нас на пример има дојдено во млечната индустрија од Индија, во градежништото веќе одамна има работници од Турција и далечниот Исток. Мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, затоа што се појавуваат многу агенции, кои сакаат со тоа да се занимаваат и да им биде тоа бизнис“, маведе Димитров за време на изминатиот викенд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45800
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и го снимале

25/09/2026

Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник во соблекувална на спортска сала во основно училиште во

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да издаде позитивен записник

25/09/2026

  Во полициска акција во Скопје, неофицијално, е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон дер Лајен ќе направи револуција

25/09/2026

Европската Унија се подготвува за досега најрадикалната реформа на својата политика за проширување, со цел да го откочи процесот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy