Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јанев: Потребни се системски решенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот
Македонија

Јанев: Потребни се системски решенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот

01/02/2025

AA

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека се направени детални анализи на сообраќајната ситуација во државата, при што биле мапирани критичните точки со најголем ризик за сообраќајни несреќи.

„Проблемот со сообраќајот е согледан и анализиран. Мапирани се критичните точки низ целата држава, не само во Скопје. Започнуваме со системски пристап за зголемување на безбедноста, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и сите релевантни чинители“, изјави Јанев.

Тој нагласи дека прекршувањето на сообраќајните правила може да има фатални последици и повика на поголема свест кај граѓаните.

„Не може ако знакот е 60, некој да вози 100. Ако е 100, да вози 200. Работиме на законски измени, со кои мерките ќе бидат порестриктивни, а казните повисоки. Но најважно е да ја промениме свеста – доколку не го почитуваме ограничувањето и возиме со несоодветна брзина, ние стануваме потенцијални убијци на патот“, предупреди Јанев.

Дополнително, тој изрази загриженост за учеството на малолетници во сообраќајот и апелираше до родителите да не дозволуваат нивните деца да управуваат возила без соодветни дозволи.

„Како родител и како предводник на институција, сметам дека мора да ја подигнеме нашата лична свест. Не треба да им овозможуваме на малолетници пристап до моторцикли и други возила без возачка дозвола. Тоа претставува огромен ризик за нивниот живот и за безбедноста во сообраќајот“, додаде Јанев.

Тој најави дека ќе следуваат системски мерки за подобрување на безбедноста, со фокус на технологијата и елиминација на човечкиот фактор во одредени сегменти, со цел поголема ефикасност во контрола на сообраќајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО ГОДИНИ МЕСТЕЛЕ ПОДАТОЦИ ВО Е-ИНДЕКСИ, ЗАРАБОТИЛЕ 21.000 ЕВРА Под

04/11/2026
Македонија

ВО КУМАНОВКИОТ СУД ИМА НЕСОГЛАСУВАЊА, А НЕДОСТИГА КАДАР Судскиот совет

04/11/2026
Македонија

Кога ќе завршиме со битолска Алта банка, која е следна

04/11/2026
Македонија

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ

04/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација

04/11/2026
Македонија

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК

04/11/2026
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ

04/11/2026
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46574
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО ГОДИНИ МЕСТЕЛЕ ПОДАТОЦИ ВО Е-ИНДЕКСИ, ЗАРАБОТИЛЕ 21.000 ЕВРА Под истрага се двајца вработени на

04/11/2026

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се осомничени дека со манипулации во електронскиот индекс незаконски стекнале околу 21.000

ВО КУМАНОВКИОТ СУД ИМА НЕСОГЛАСУВАЊА, А НЕДОСТИГА КАДАР Судскиот совет утврди дека судот е ажурен

04/11/2026

Судскиот совет го усвои извештајот од работната посета на Основниот суд Куманово, во кој се констатирани поделени ставови за управувањето

Кога ќе завршиме со битолска Алта банка, која е следна за пропаѓање?

04/11/2026

Битолска Алта банка не мора да биде уништена. Напротив. Постојат сите претпоставки – финансиски, институционални, правни – да се изврши

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy