Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: За 6 години се формирани 56 нови институции, со директори службени автомобили и Управни одбори
Македонија

Андоновски: За 6 години се формирани 56 нови институции, со директори службени автомобили и Управни одбори

03/02/2024

AA

„Реформата за процесот на реорганизација на администрацијата која беше најавена уште во 2017 година постојано се удира во ѕид. Тука е податокот дека Акцискиот план за спроведување на стратегијата бил реализиран само 52% што значи дека оваа Влада реализирала одвај половина од реформите. Во 2018 година имаме 1291 институција во јавниот сектор, од кои 128 органи на државната управа. Денес после 7 години на „оптимизација и реорганизација“ од страна на СДСМ и ДУИ имаме 1346 институции и 144 органи на државната управа. Тоа се 56 нови директори на институции кои не и требало да бидат оформени, 56 нови нивни заменици, 430 управни и надзорни одбори, во кои има 4000 партиски војници кои земаат паушали, нови службени возила и телефони, нови простории, илјадници нови вработувања.“, истакна Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација на гостувањето во радио МРТ1.

„Наместо јавната администрација да стане поефикасна, помала, покомпактна и најважно поефиксна. Парите кои што ги трошиме за паушали за управни и надзорни одбори, да ги трошиме на вработените во јавната администрација кои ни се дефицитарни. Ние ги фрламе на директорите, наместо да ги вложиме во зголемување на платите и зголемување на наградите на вработените а со тоа да им овозможиме една пријатна средина за работа“, дополни Андоновски.

„После 5 или 6 години, ниту една верзија на нацрт закон не е предложен и консултиран со јавноста и засегнатите страни, иако експертите изготвиле 5 нацрти на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Заради тоа е  оваа реакција која ја имаат синдикатите. Нивните барања се легитимни, многу аргументирани и компаративните анализи се многу конкретни. Што не значи дека секое од барањата мора да се прифати, но секој треба да биде сослушан. Мислам дека ако има добра воља овој закон треба да се повлече од постапка, да се врати назад на разгледување и во една брза процедура ние можеме да ги вклучиме сите овие забелешки за да постигнеме определен наредок“, кажа Андоновски.

Посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави јасни правила и критериуми за реорганизација на органите за да се превенира хаосот создаден од оваа Влада, а граѓаните ќе можат сите услуги од одредена област да ги добијат на едно место, наместо за секоја услуга да се обраќаат до различна агенција, управа или биро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy